Ineos ја доби битката со Jaguar Land Rover за Grenadier
Jaguar Land Rover ја загуби судската битка во Велика Британија за да ги зачува правата на обликот на оригиналниот Defender од Ineos Group
Канцеларијата за интелектуална сопственост на Велика Британија оцени дека формите кои Jaguar Land Rover сака да ги заштити како ексклузивни за легендарниот Defender не се доволно својствени и карактеристични, со што судот во Лондон го одби последното барање на британскиот производител, со тоа овозможувајќи му на Ineos Group без проблеми да започне да го произведува својот Grenadier теренски автомобил.
Од Ineos признаваат дека Land Rover Defender е инспирацијата за нивниот Grenadier, моќното 4х4 „оф-роуд“ возило базирано на целосно нова шасија и систем на потпирање дизајнирано од Magna Steyr, а користи и мотор од BMW.
Судијата ги поддржа наодите на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Велика Британија, кој исткана дека иако разликите во дизајнот делуваат како суштински за некои експерти, тие „можат да бидат неважни, а дури и да не се ни регистрираат, од страна на просечните потрошувачи“, пренесува Bloomberg.
Од Jaguar Land Rover преку соопштение истакнуваат дека се разочарани од одлуката и дека формата на оригиналниот Defender е заштитена на неколку други пазари. Ineos е во сопственост на британскиот милијардер Џим Ретклиф, еден од најистакнатите поддржувачи на излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Ineos планираше да започне да го произведува Grenadier во нова фабрика во Велс, како и да создаде уште еден погон во Португалија за производство на шасијата и каросеријата. Сепак, тие планови во моментов се прекинати и во моментов компанијата е во преговори со Daimler за да ја откупи фабриката на Smart во Хамбах, Франција. Доколку договорот се постигне, Ineos ќе ги отфрли претходните планови и ќе ја искористи француската компанија како единствено место за производство на својот Grenadier.