Infiniti со нова стратегија против конкуренцијата
Во последнава деценија премиум-брендот Infiniti сериозно заостана зад германските конкуренти
Затоа е подготвена нова стратегија со цел да им се одговори соодветно, пред се на BMW и Аudi.
Според главниот дизајнер на Nissan, Алфонсо Албаис, Infiniti во иднина ќе смета на минимализмот. Целта е да се намали големината на погонските единици под хаубата, а во исто време да се зголеми внатрешниот простор во ентериерот. Ова ќе резултира со елиминирање на непотребните копчиња и прекинувачи. Со други зборови, идејата е идните модели на Infiniti да изгледаат како iPhone.
– Она што се обидуваме да направиме е да ги отстраниме разните механички компоненти. Такво нешто не инспирира и ќе ни овозможи да ја вратиме изгубената ДНК на јапонските автомобили, потенцира Албаис.
Идејата е мошне интересна бидејки ваквиот пристап не е мошне прифатен. Според експертите, ваквиот пристап значи целосно одбивање на европскиот дизајн, но во Infiniti тие очигледно не се грижат за тоа. Компанијата е уверена дека во 2025 година половина од продажбата ќе се должи на електрични автомобили и затоа веќе работи во оваа насока.
Првиот модел кој дава идеја за тоа каква ќе биде иднината на дизајнот на јапонскиот бренд е концептот Q Inspiration, презентиран во Детроит, кој се напојува со струја и целосно е автономен. Во согласност со она што го потенцира Албаис, концептот има наједноставен дизајн и сите копчиња се отстранети од ентериерот.