Infiniti по две децении има ново кросовер купе – QX55
Infiniti помогна во целата кросовер купе фама со лансирањето на FX пред речиси две децении, а компанијата го враќа тоа наследство со новиот QX55
Иако е еден од основоположниците на овој правец, Infiniti чекаше долго време за да додаде ново кросовер купе во својата постава, но сега конечно е тука. Infiniti QX55 пристигнува следната пролет и комбинира одличен стил со инспирирани динамики.
И додека моделот е базиран на QX50 и со него ги дели поголемиот дел од механиката и дизајнерските детали, тој се карактеризира со поспортски и поаеродинамичен дизајн. На предниот дел се истакнува карактеристичната решетка која е опколена со LED фарови и спортски отвори за воздх со сјајно црни детали. Моделот е поставен на 20-инчни тркала, а пластичните заштитни наплатки се сведени на минимум.
Задниот дел ги следи стапките на QX50, но тука е новата врата од багажникот со аголен прозорец и уникатен спојлер. Моделот исто така се карактеризира со стилски задни светла и секое од нив има 45 индивидуални LED сијалици. На крај, тука е и двојниот издувен завршеток и Infiniti беџот кој служи како копче за отворање на багажникот.
Екстериерот е уникатен, но кабината во најголем дел е пресликана од QX50, со тоа што е побогато опремен и со поквалитетни материјали. На пример, кожата е поскапа, а купувачот ќе може да бира меѓу три нивоа на опременост и тоа Luxe, Essential и Sensory. Luxe и Essential се концентрираат на спортскиот имиџ со доста алуминиум и кожа, додека Sensory се одликува со квалитетно дрво. Можеби разочарувачки ќе делува тоа што новиот модел добива аналогна инструмент табла и двоен екран на допир од 7 и 8 инчи. Кога станува збор за технологијата, QX55 ќе стане првиот Infiniti модел кој ќе поддржи бежичен Apple CarPlay.
Предност во однос на конкуренцијата
И покрај купе изведбата, патниците нема да загубат на комфор, а оние на задниот дел имаат 983 милиметри простор за нозете, што е најмногу во однос на конкуренцијата, а тоа дополнително може да се промени со можноста за поместување на седиштата, со што се добива поголем простор за патниците, или пак поголем простор за багажникот, зависно од потребите. Кога зборуваме за багажникот, треба да се истакне дека истиот има капацитет од 762 литри, што е подобро од некој од најголемите конкуренти, но вкупниот багажен капацитет останува мистерија.
Кросоверот ќе пристигне со цел асортиман на системи за асистенција на возачот, вклучително и автоматско сопирање, head-up екран и технологија за препознавање на сообраќајни знаци. Моделот исто така може да биде опремен со ProPilot Assist полуавтономен возачки систем.
Напојувањето пристигнува од 2,0-литарскиот четирицилиндричен турбо мотор кој испорачува 271 КС и 380 Nm максимален вртежен момент. Моторот е конектиран со континуирана варијабилна трансмисија која ја испраќа моќноста на сите четири тркала, што ќе биде стандардно во САД и Канада. Системот е поврзан со предната осовина, но испраќа до 50 проценти од моќноста на задните тркала за подобро триење и забрзување.
Во моментов нема никакви информации за цените, но се очекува моделот да чини нешто повеќе од QX55 Luxe чија цена стартува од 43.500 долари кога е опремен со погон на сите четири тркала.