fbpx

Зошто инструмент таблата покажува малку поголема брзина од реалната

Дали некогаш ви се случило при патување со помош на GPS уред, да забележите несовпаѓање помеѓу брзината прикажана на инструмент таблата и таа отчитана на GPS уредот? Не стравувајте, не се работи за проблем со вашето возило

Една ова причините за ова се должи на самиот дизајн на уредите за мерење на брзината на движење на автомобилите. Тие не смеат да ја прикажат брзината повисока од реалната. Со цел да се овозможи ова, се наметнува потребата од прикажување на бризини малку повисоки од оние вистинските на движење на возилото. Сепак, ваквите уреди се навистина прецизни инструменти.

И покрај ваквиот начин на калибрација на уредите за прикажување на брзината, делот од уредот задолжен за мерење на изминат пат и растојание на возилото, дизајниран е да ја покаже точната вредност, односно точната километража.

Друга причина за ваквата фабричка „грешка“ е и принципот на работа на уредите за мерење на брзината. Самата брзина претставува мерка за изминат пат во дадено време, а овој принцип го користат GPS уредите. Но, уредите за мерење на брзината кај автомобилите работат на принципот на мерење на брзината на вртење на тркалата, а за тоа го користат сензорот за брзина од трансмисијата.

Доколку се промени дијаметарот на тркалата, а тој се менува во зависност од големината, притисокот и абењето на пневматиците, точноста на овој уред се нарушува. Абењето на пневматиците и намалувањето на притисокот во нив, предизвикуваат тркалата да се движат побрзо, при што се уредот отчитува повисоки вредности.

Преголемиот притисок, како и преголемите пневматици пак ја намалуваат оваа вредност.

Разликата помеѓу прикажаната и вистинската брзина се забележува повеќе кај европските односно германските автомобили, поради тоа што тие подлежат на регулативите на европските правилнци. Во овој случај се работи за правилникот ECE-R39, кој вели дека ваквите уреди не смеат да покажат брзина помала од вистинската, а исто така и брзина поголема од 110 проценти од вистинската плус 4 km/h. Ова значи дека доколку автомобилот се движи со брзина од 100 km/h, уредот законски може да прикаже брзина до 114 km/h.

Сепак, ова е речиси генерално прифатено, па така производителите ги калибрираат уредите вградени во нивните возила да покажуваат брзина нешто над вистинската, со цел да ни дадат оптимистичко, односно зголемено чувство на брзина, а истовремено и да ни помогнат да ги избегнеме казните.

 

Поврзани вести

Back to top button