fbpx

Isuzu изненади со два офроуд концепти

Isuzu не е премногу активна компанија, кога станува збор за лансирање нови модели во автомобилската индустрија

Нуди исклучително специфични модели во своето портфолио, пикапи и SUV изданија. Токму офроуд машини се специјалитет на Јапонците кои сега нудат интересно дуо од концепти. Станува збор за серијата Concept X, која се базира на Isuzu D-Max и MU-X. Првата студија е пикап, а втората е голем SUV, изграден на рамна шасија. Двете машини делат ист 3.0-литарски дизел со Еуро 5 стандарди, но тоа е нормално со оглед на концептниот карактер на возилата. Моторот работи со 6-брзински автоматски менувач, кој праќа моќноста до сите четири тркала.

Слободниот простор од земјата до подот е 370  mm, а аглите на круг пред спуштањето се 49.7 степени. Тоа  го претвора Concept X во еден навистина прооден автомобил, но за жал не очекуваме сериско производство. Доста сериозни модификации во однос на сериските автомобили се направени восуспензијата, а дел од компонентите на надворешноста се специјално креирани за проектот.

MU-X е SUV модел кој се продава во Австралија, во специфичниот класа на луксузните модели. D-Max е пикап кој е добро познат и во Европа.22

Поврзани вести

Back to top button