Се зголемува ли италијанскиот удел во Aston Martin?
Италијанскиот акционер во Aston Martin фондот Investindustrial, очигледно има големи планови за развој на британскиот производител на спортски автомобили
Италијанскиот акционер во Aston Martin фондот Investindustrial, очигледно има големи планови за развој на британскиот производител на спортски автомобили, откако викендов даде до знаење дека планира да воспостави целосна контрола над компанијата.
Il Messaggero објави во неделата информации според кои шефовите на Investindustrial се во напредни разговори за зголемување на акциите во Aston Martin. Сега Италијаните поседуваат 37,5% од британската компанија, но нивната цел е до крајот на годината да имаат над 50%. Следниот чекор ќе биде попис на Aston Martin на некоја од големите берзи во текот на летото, со што ќе се обезбеди сериозен свеж финансиски ресурс на компанијата, за да се врати голем дел од инвестициите на сегашните акционери.
Во моментов, контролата над Aston Martin ja има конзорциум составен од инвеститори од Кувајт, со 54,5 отсто од акциите. Следува Investindustrial, автомобилскиот гигант Daimler има 5%, а оваа зделка беше договорена заедно со испораката на мотори од AMG. Топ менаџерите, исто така, имаат акции во Aston Martin, но нивниот удел е помал.
Портпаролот на Investindustrial официјално ги негираше тврдењата на веснкот за преговорите и појавата на меѓународниот финансиски пазар. Но, портпаролот на италијанскиот фонд потенцира и дека иако „во моментов нема преговори за промена на структурата, тоа не значи дека во иднина нема да има такви”, а посочи и дека е можно и да има договор бидејќи главните акционери се фондови за приватен капитал, кои вршат поврат на своите пари. Aston Martin сеуште не ги коментира информациите што доаѓаат од Италија.
Главниот извршен директор на компанијата Енди Палмер на неколку пати веќе изјави дека одлуката за идна иницирачка јавна понуда на акциите треба да ја донесат акционерите, тие да одлучат кога да се случи тоа. Сепак, тој јасно стави до знаење дека би било добра идеја да се донесе оваа одлука пред компанијата да го исполни својот план за обновување, што треба да се случи во 2022 година.