Jaguar го испраќа F-Pace со две специјални верзии
F-Pace 90th Anniversary Edition и SVR 575 Edition го означуваат крајот на кросоверот со погон на внатрешно согорување
Jaguar се подготвува за електрична иднина и тоа значи дека на моделите со мотор на согорување им е одбројано времето. Компанијата реши да се збогува со F-Pace со две нови специјални изданија.
Првото е познато како 90th Anniversary Edition и слави „девет децении иновации и производство на мотори со внатрешно согорување“. Се одликува со R-Dynamic стилски знаци, како и алуминиумски тркала и панорамски стаклен покрив. Купувачите, исто така, ќе најдат луксузен ентериер со спортски седишта, контрастни шевови, алуминиумски облоги и абонос покрив.
F-Pace 90th Anniversary Edition ќе се нуди во различни облоги и може да биде опремен со асортиман на различни мотори, вклучувајќи дизели со четири и шест цилиндри. Купувачите може да се одлучат и за plug-in хибридна варијанта која има електричен опсег 64 километри.
Покрај главната варијанта, тука е и F-Pace SVR 575 Edition. Има 5,0-литарски V8 со суперполнач кој произведува 575 КС и 700 Nm вртежен момент. Тоа е 25 КС повеќе од обичниот модел и му овозможува на кросоверот да забрза од место до „стотка“ за 3,9 секунди.
Покрај надградениот мотор, SVR 575 Edition има црни акценти и 22-инчни алуминиумски тркала со двобојна завршница. Ним им се приклучуваат алуминиумски облоги, како и спортски седишта од Виндзор кожа и велур со греење и вентилација.
Додека F-Pace ќе замине во пензија подоцна оваа година, брендот ќе го памети со задоволство како нивниот прв кросовер и еден од нивните најуспешни модели.