fbpx

Jaguar го освежи I-Pace со повеќе технологија и побрзо полнење

Jaguar го најави I-Pace за моделската 2021 година, а електричниот SUV добива дополнителни технолошки карактеристики и скромни промени во дизајнот

Две години по лансирањето, кое се случи во јуни 2018 година, Jaguar го освежи I-Pace за 2021 година. Тука не станува збор за класичен редизајн, туку повеќе за унапредување на повеќе работи, почнувајќи од електричниот погон, но и технологијата.

Jaguar I-Pace

Jaguar I-Pace електричниот SUV доби нов инфозабавен систем, како и побрзо полнење во промените кои се најавени за моделот за 2021 година. Новиот инфозабавен систем наречен Pivi Pro, веќе се појави кај новиот Land Rover Defender, a I-Pace станува првиот Jaguar кој ќе може да се пофали со овој систем. Pivi Pro го опишуваат како „интуитивен како да користите паметен телефон“, а овозможува пристап до различни функции кои се прикажуваат на 10-инчен екран на допир, кој се приклучува на 5-инчниот екран кој е поставен подолу и 12,3-инчната дигитална инструмент табла.

Jaguar I-Pace

Покрај тоа, додадена е и опционална подлога за бежично полнење која е поставена под централната конзола. Пакетот за паметни телефони со себе ги носи стандардните Apple CarPlay, Android Auto и Bluetooth кој може да спои два телефони одеднаш, додека како стандарден дел пристигнува и 4G SIM кој овозможува пристап до интернет, како и Spotify апликација.

36-степениот камера систем е стандарден, а видливоста кон задниот дел сега е подобрена со воведувањето на ClearSight дигиталниот ретровизор кој користи широкоаголна камера интегрирана во антенскиот модул на задниот дел од покривот. Опционалниот Meridian аудио систем исто така е ажуриран и содржи два дополнителни звучници, со што се доаѓа до бројката од 16 звучници и еден 1 субвуфер. Современиот систем за филтрирање на воздухот исто така е дел од понудата и ќе може да го филтрира воздухот во кабината пред да започнете со патувањето.

Jaguar нуди нови опции за I-Pace

Достапен во сите модели во опсегот, новата Black Pack опција се надополнува со Atlas Grey финишот на решетката, што исто така е новитет. Ова носи разнобоен изглед за одредени делови, вклучително и Noble Chrome обвивката на решетката, Satin Chrome лајсните на прозорците, Atlas Grey капачиња за страничните ретровизори и заден дифузор. Black Pack опцијата додава и сјајна црна завршница на задните значки. Кога станува збор за боите, сега палетата за Jaguar I-Pace е проширена и вклучува Caldera црвена, Portofino сина и Eiger сива боја. Дополнителен избор за тркалата исто така се достапни.

Jaguar I-Pace сега го добива 11 kW трофазен полнач кој овозможува забрзување на процесот за полнење во домашни услови, а исто така во овој режим автономијата се зголемува за 53 километри за еден час (WLTP) додека. Целосното полнење трае 8,6 часа, 12,75 часа преку 7 kW полнач. Со користење на брз полнач при 50 kW автомобилот достигнува до 63 километри автономија за 15 минути. При полнење со 100 kW полнач овие бројки се удвојуваат. Благодарение на искуството од Formula E, софтверот за менаџирање на батеријата е унапреден и со тоа се зголемува автономијата за некои 20 километри без промена на хардверот.

Jaguar I-Pace се напојува со два електромотори кои испорачуваат вкупно 394 КС и 696 Nm вртежен момент. Моделот ја задржува батеријата со капацитет од 90 kWh која нуди автономија до 470 километри.

Поврзани вести

Back to top button