Jaguar го претстави I-Type 4 Racer за 2019/2020
За шестата сезона на Formula E, Jaguar го претстави својот „тркач“ I-Type 4
Позади управуачот на новиот I-Type 4 за сезоната 2019/2020 ќе седнат Мич Еванс од Нов Зеланд и Џејмс Каладо од Велика Британија.
Според британскиот производител на автомобили, I-Type 4 има целосно нов електричен мотор, менувач, инвертер, задна суспензија и амортизери во однос на неговиот претходник. Исто така, новиот болид е полесен и подобрен во поглед на управувањето и перформансите. Има и понизок центар на гравитација од претходниот и новиот погон вклучува подобрен контролен модул што го зголемува капацитетот за обработка и овозможува побрз развој на софтверот.
„Почетокот на новата сезона е навистина возбудливо време за тимот. По неколкумесечна напорна работа, ние сме возбудени да му го покажеме на светот новиот Jaguar I-Type 4“, изјави директорот на тимот на Panasonic Jaguar.
Покрај Panasonic, спонзор е и Castrol, а со LEGO и Scalextric е најавено спонзорство за создавање на мини верзии на своите електрични болиди. Од јануари 2020 година, навивачите ќе можат да купат сет на Lego Speed Champions, кој ќе го содржи Formula E Panasonic Jaguar Racing GEN2 и Jaguar I-Pace eTrophy.