fbpx

И Jaguar подготвува голем SUV?

Британската компанија Jaguar во иднина може да ја прошири палетата на SUV изведби со нов модел

Се претпоставува дека новината ќе го добие името J-Pace.

Во интервју за портал Goauto, шефот на локалната канцеларија на Jaguar Land Rover, Метју Визнер, ја сподели информацијата, која се појави неодмна како гласина, дека компанијата може да понуди на пазарот нов модел, кој во палетата на SUV изданијата ќе биде поставена над F-Pace. Според него, компанијата размислува за таква можност, а она што е важно да се потенцира е дека новиот модел ќе одговара во целост на стандардите на Jaguar.

Според зборовите на Визнер, Jaguar нема да прави модификација на Land Rover и Range Rover, кои во овој сегмент имаат извонредни претставници. Со цел да се привлечат поголем број клиенти и да нема преклопувања со остварувањата на гигантот, моделот на Jaguar ќе мора да е значително различен од нив.

Според Визнер сегменти на луксузните автомобили се развиваат активно и се очекува значително зголемување на бројот на електрични модели на ова поле, особено меѓу претставниците на компактниот сегмент. Компанијата исто така не ја отфрла идејата за развој на хечбек, кој ќе им конкурира на BMW 1 и Audi A3, иако нејзините приоритети се поголеми автомобили.

Со оглед на фактот дека Range Rover SVAutobiography е опремен со 5,0-литарски V8 на Jaguar со моќност од 550 коњски сили, компанијата веќе размислува за уште помоќен мотор на големиот кросовер на Jaguar, за моделот и во овој сегмент да одговара на очекувањата на корисниците.

Најмоќниот сериски мотор на Jaguar е инсталиран во седанот XE SV Project 8 и таму тој развива 600 „коњи“. Во принцип, Jaguar исто така може да го користи за J-Pace. Доколку Jaguar навистина го лансира J-Pace, тогаш тој ќе им конкурира на веќе понудените слични изведби од Mercedes-AMG, Audi, BMW, Bentley и Lamborghini.

Поврзани вести

Back to top button