Електричниот автомобил Jaguar I-Pace е светски автомобил на годината
Жирито на конкурсот за Светски автомобил на годината објави дека победник во изданието за 2019 година е првиот целосно електричен модел во историјата на Jaguar, моделот I-Pace
Овој автомобил го израмни успехот на F-Pace од 2017 година, бидејќи ја освои и наградата за Светски еколошки автомобил на годината, како и титулата за Светски дизајн на годината 2019.
„Тоа што Jaguar I-Pace ги доби овие три награди од престижното жири на конкурсот за Светски Автомобил е голем успех“, коментира Ралф Шпетим, извршен директор на Jaguar Land Rover. „Престижните награди се нешто најдобро, а нашиот автомобил го заслужува тоа“.
На почетокот на март оваа година, Jaguar I-Pace за кој од компанијата коментираат дека е реализиран во над 11.000 единици во повеќе од 60 земји низ целиот свет, стана носител на наградата Автомобил на годината во Велика Британија 2019, а само три дена подоцна ја освои и трката за Автомобили на годината 2019 во Европа.
Jaguar I-Pace е развиен од почеток како електричен автомобил, нудејќи решителен аеродинамичен ефикасен дизајн и внатрешен простор за петмина. Возилото со погон на четири тркала се напојува со два мотори со моќност од 400 коњски сили, развиени од компанијата и вртежен момент од 696 Nm. Литиум-јонската батерија на електричниот автомобил има капацитет од 90 kWh и ветува автономна километража од 480 километри.
Со уникатна алуминиумска конструкција за максимална цврстина на каросеријата и со распределба на масата од 50:50, Jaguar I-Pace нуди можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 4.8 секунди, а располага и со систем за брзо полнење, кој гарантира полнење од 0 до 80% за 40 минути.