fbpx

Jaguar ја слави годишнината на E-Type со F-Type Heritage 60

Британски Jaguar ја одбележува 60-годишнината на иконскиот E-Type со лансирањето на специјалниот F-Type Heritage 60 Edition

Во чест да одбележи 60 години од легендарниот Jaguar E-Type, британскиот производител лансира специјална ограничена серија наречена F-Type Heritage 60. Производството ќе биде ограничено на само 60 единици на глобално ниво и ќе биде достапен во купе и кабрио варијанта.

F-Type Heritage

Она што веднаш го издвојува F-Type Heritage 60 Edition во однос на останатите модели е уникатната Sherwood зелена боја која не е во понудата на за нов Jaguar уште од 1960-тите години. Специјалните акценти продолжуваат со 20-инчните сјајно црни алуминиумски тркала, црните шапи на сопирачките и уникатните обележја на екстериерот.

Британскиот производител исто така се позанимава и со ентериерот, каде што се наоѓа специјалниот алуминиумски конзолен финиш инспириран од куќиштето на ретровизорите на E-Type, а тука е и логото за 60-годишнината на E-Type извезено на потпирачите за глава. Она што дополнително придонесува за уникатниот изглед на специјалниот F-Type се комеморативните плочки, SV специјални плакети и Caraway килимски патосници.

„Прославата на 60 години од легендарниот E-Type е совршен момент за да го креираме нашиот прв SV Bespoke и најреткиот F-Type, со само 60 возила достапни на глобално ниво. Соработувавме тесно со Jaguar Design за да развиеме тема за F-Type Heritage 60 Edition кој оддава почит на E-Type на еден современ начин. Ова е потсетник на дизајнерската линија на спортски автомобили од Jaguar со што Sherwood зелената боја од 60-тите изгледа како да е дизајнирана за денешниот F-Type“, вели комерцијалниот директор на Jaguar SV Bespoke, Марк Тарнер.

Ограничената серија на Jaguar F-Type Heritage 60 Edition е базиран на F-Type R, што значи дека се напојува со 5,0-литарски V8 мотор кој испорачува 567 КС. Цената во Велика Британија за овој модел стартува од 122.500 фунти.

Поврзани вести

Back to top button