fbpx

Jaguar Land Rover го намалува производството поради Брекзит

Jaguar Land Rover има намера привремено да го намали производствениот капацитет на своите погони во Велика Британија

Главната причина за оваа одлука е претстојниот излез на земјата од Европската Унија, како и зголемените такси за дизел автомобилите.

Севкупно, продажбата на најголемиот британски производител на автомобили имаше рекордна 2017 година и се очекува овој тренд да остане барем ист и во следните 12 месеци. Имено, минатата година компанијата пласираше ширум светот 621.109 возила, што претставува пораст од 6,5 % во однос на 2016. Jaguar во оваа бројка учествуваше со 178.601 автомобил, или раст од 20,1%, а Land Rover со 442.508 единици (+1,8%).

Jaguar Land Rover
Затоа приказната наречена Брекзит не им се допаѓа во Jaguar Land Rover. Проектираните намалувања на производството првично ќе ги покриваат само во фабриката во Халивуд, во Англија. Ако со текот на времето се намалува интересот за автомобили од двете марки, таквите мерки не се исклучуваат и во другите фабрики.
Jaguar Land Rover

Поврзани вести

Back to top button