fbpx

Jaguar Land Rover развива „сензорско управувачко тркало” (Видео)

Jaguar Land Rover го истражува брзото загревање и ладење на воланот за употреба во навигација за вртењето во кривини

Jaguar Land Rover (JLR), сопственост на Tata, вели дека го истражува брзото загревање и ладење на воланот за употреба во навигација за вртењето во кривини и за да помогне во намалувањето на губењето на вниманието на возачот. Топлинскиот фидбек на воланот може да се користи за да му помогне на возачот.

Компанијата вели дека не обрнувањето внимание од страна на возачите е главната причина за сообраќајните несреќи и дека воланот развиен од JLR користи топлина за да им каже на возачите кога да свртат лево или десно. Исто така, тврди дека термичките промени на воланот може да се користат за предупредување при приближување на крстосници и патиштата со слаба видливост.

Истражувањето, во партнерство со Универзитетот во Глазгов, создаде „сензорско управувачко тркало (волан)”, чии делови може брзо да се загреат и да се ладат за да ги информираат возачите каде да свртат, кога да променат коловозна лента или да предупреди кога има приближување до раскрсница. Ова може да биде особено корисно кога видливоста е намалена поради лошо време или поради поставеноста на патот.

Се вели дека технологијата била применета и на рачките за менување степени на пренос за да се индицира кога е завршено предавањето на управувањето од возачот на автономната контрола во иднините автономни возила.

Истражувањето на Jaguar Land Rover сугерира дека топлинските знаци би можеле да бидат начин за да се задржат возачите целосно фокусирани на патот. Знаците работат на двете страни од воланот, покажувајќи ја насоката во која треба да се сврти со брзо затоплување или ладење на едната страна со разлика до 6°C. Заради удобност, возачот може да го прилагоди опсегот на промена на температурата.

Компанијата вели дека студиите покажале дека инструкциите базирани на температура може да се користат и за известувања кои не се итни, каде што вибрациите може да се сметаат за непотребно земање на вниманието на возачот, како на пример, предупредување кога количината на горивото е ниска или за објектите кон кои се приближува, како што се точките на интерес. Топлинските знаци, исто така може да се користат каде што повратните информации за звукот ќе се сметаат за премногу нарушувачки за разговор во кабината или за репродукција на медиум.

Александрос Музакитис, сениор менаџер на Jaguar Land Rover за електрични истражувања, изјави: „Безбедноста е приоритет број еден за Jaguar Land Rover и ние сме посветени на континуирано подобрување на нашите возила со најновите технолошки достигнувања, како и подготовка на бизнисот за автономната иднина.”

„Сензорското управувачко тркало” е дел од оваа визија, со термички знаци што можат да го намалат времето кое возачите го трошат кога ги тргаат очите од патот.
„Истражувањата покажале дека луѓето лесно ја разбираат динамиката на греење и ладење за

означување на насоките, а суптилноста на промената на температурата може да биде совршена за одредени повратни информации кои не бараат поинтрузивен звук или вибрации.”

Истражувањето финансирано од Jaguar Land Rover е дел од докторската студија спроведена од Patrizia Di Campli San Vito на Универзитетот во Глазгов, како дел од Глазговскиот истражувачки оддел за интерактивни системи (GIST).

Поврзани вести

Back to top button