Jaguar со специјална изведба на E-Pace
Најновиот специјален модел на британската фирма доаѓа со широк спектар на дополнителна опрема, како и уникатна палета на нови бои
Британскиот бренд ја лансирање новата специјална верзија на својот SUV предводник, E-Pace. Под името Chequered Flag Edition, тој претставува подобро опремена верзија на врвниот E-Pace R-Dynamic, а доаѓа со врвен опсег на бројни перформансни и стилски надградби, како и уникатна палета на бои.
Надворешните надградувања за Jaguar E-Pace Checkered Flag Edition вклучуваат нови 19-инчни алуминиумски фелни, голем број „Checkered Flag“ ознаки и избор од четири ексклузивни бои. Исто како и E-Pace R-Dynamic, каросеријата е во спортска изведба, со двојни издувни цевки и LED светлосни уреди.
Во внатрешноста, E-Pace Checkered Flag Edition го добива спортскиот управувач од R-Dynamic, 12.3-инчен дигитален кластер и предни седишта со греачи, изработени од кожа со црвени шивови. На листата на измени се наоѓа и новиот 10-инчен инфозабавен систем, со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.
Погонската палета на новиот E-Pace е составена од четири мотори. Опсегот се отвора со 2,0 литарскиот четири-цилиндричен турбо дизел мотор, кој може да испорачува моќност од 148 КС и вртежен момент од 380 Nm или 178 КС и 430 Nm вртежен момент. Палетата е надополнета и со бензински агрегати, каде 2,0 литарскиот турбо мотор доаѓа во две варијанти. Првата нуди моќност од 197 КС и 320 Nm вртежен момент, додека втората произведува 246 КС и 365 Nm. Сите овие изведби се поврзани со девет-степен автоматски менувач и систем за погон на сите тркала.
Во останатите карактеристики кај Checkered Flag Edition се вбројува адаптивниот динамички систем на Jaguar, кој тврди дека обезбедува подобрено ракување и удобност при возењето, со прилагодување на амортизацијата и аголот на наклон на каросеријата во зависност од површината на патот.