fbpx

Ќе се гради инфраструктура на станици за водородно гориво во Јапонија

Вкупно 11 компании се подготвени да инвестираат во изградба на комплетна инфраструктура од станици за полнење на водородно гориво во Јапонија

Toyota Motor Corporation, Nissan Motor Co Ltd., Honda Motor Co Ltd., JXTG Nippon Oil & Energy Corporation, Idemitsu Kosan Co Ltd., Iwatani Corporation, Tokyo Gas Co Ltd., Toho Gas Co Ltd., Air Liquide Japan Ltd., Toyota Tsusho Corporation и Development Bank of Japan Inc објавија дека ќе постават темели на една заедничка компанија, која ќе има за цел целосен развој на мрежа на станици за полнење на водородни автомобили во Јапонија.

Главните точки во идната работа на новата компанија ќе биде исто така и подобрување на соработката со владините органи одговорни за инфраструктурата, автомобилските производители и финансиските институции, а крајна цел ќе биде забрзување на воведувањето во масовна употреба на возила кои што ќе користат водород за гориво.

водородно гориво

Стратешкиот план на новата компанија предвидува реализација на целите за 10 години. За време на првите 4 години (Фаза 1) се очекува да бидат изградени 80 нови станици за полнење со водород. За таа цел, основачите исто така предвидуваат привлекување на нови компании, членови во проектот.

Поврзани вести

Back to top button