Jeep Gladiator доаѓа во Европа со 256 КС
Jeep Gladiator е конечно подготвен да го помине Атлантикот, а на Стариот континент доаѓа со V6 дизел мотор и моќност од 256 коњски сили
Американскиот производител за европската изведба на популарниот пик-ап го подготви новиот 3,0 литарски EcoDiesel V6 мотор, комбиниран со осум-степен автоматски менувач. Единствената опција на моторот за Европа се очекува да испорача околу 256 коњски сили и вртежен момент од 600 Nm.
Споредбено, не-европскиот Jeep Gladiator е погонуван од 3,6 литарскиот Pentastar V6, кој произведува 285 коњски сили и 353 Nm вртежен момент. Оваа конфигурација, покрај северно-америчкиот, достапна ќе е и на пазарот на Блискиот Исток во првата половина на следната година.
Европскиот Gladiator, како и неговиот северно-американски колега, ќе биде понуден во три нивоа и тоа: Sport, Overland и Rubicon. Исто така, ќе ги добие и преклопувачкото ветробраново стакло, отстранливите врати, инфозабавниот систем и друга опрема.
Американскиот пик-ап ќе пристигне во Европа директно од фабриката во Толедо, Охајо, кон крајот на 2020 година.