fbpx

Jeep го претстави електричниот Magneto концепт

Како дел од Easter Jeep Safari настанот, американскиот бренд презентираше четири концепти за Wrangler, меѓу кои и електричниот Magneto

Easter Jeep Safari настанот оваа година ќе се одржи на 27 март во сојузната држава Јута, а за таа цел Jeep претстави нови Wrangler концепти, меѓу кои предничи електричната верзија на теренецот, познат под името Magneto. Ова име Jeep го заштити пред еден месец, што веројатно значи дека овој концептен модел наскоро ќе стане и продукциски модел. Направен на основа на Wrangler Rubicon, користи четири батерии со комбиниран капацитет од 70 kWh кои се поставени околу шасијата за оптимална дистрибуција на тежината.

Magneto

Електромоторот генерира 285 КС и 370 Nm вртежен момент, а доаѓа во комбинација со шестстепен мануелен менувач кој ја насочува моќноста на двете осовини преку двостепенo трансфер куќиште. Мануелниот менувач, кој е необичен за електричен автомобил, му овозможува на концептот да работи исто како со мотор на внатрешно согорување, велат од Jeep. Според податоците, на Wrangler Magneto му се потребни околу седум секунди за да стигне од нула до 100 километри на час.

Magneto

Magneto се карактеризира со бела боја и сини акценти, а електричниот концепт добива и унапредени светла, поголеми браници и „оф-роуд“ пневматици околу 17-инчните тркала и друго. Од Jeep не откриваат дополнителни детали, како што се времето на полнење или опсегот на движење, така што моделот е далеку од продукциска фаза во моментов.

Magneto

Orange Peelz, Gladiator Red Bare и Jeepster

Покрај Magneto, Jeep претстави и други Wrangler концепти, меѓу кои и Orange Peelz, кој е финиширан во портокалова боја и пристигнува без странични и задни прозорци, има прототип „полуврати“, отстранлив сончев покрив, ексклузивни беџови и други „оф-роуд детали. Под хаубата се наоѓа стандарден Wrangler со 3,6-литарски Pentastar V6 со 285 КС и 353 Nm, во комбинација со осумстепен автоматски менувач.

Jeep исто така ги прикажа и Gladiator Red Bare кој се напојува со 3,0-литарски дизел V6 со 260 КС и 599 Nm максимален вртежен момент и е создаден за да ги совлада и најсуровите оф-роуд предели, а се карактеризира со црвен екстериер со специјални мат графики и златни акценти. На крајот, тука е и ретро Jeepster Commando Beach моделот со елементи на Wrangler Rubicon, кој влече инспирација од оригиналниот Jeepster, со својата препознатлива решетка и заоблени фарови. Под хаубата се наоѓа 2,0-литарскиот четирицилиндерски мотор од Wrangler и испорачува 340 КС во комбинација со осумстепен автоматски менувач.

Поврзани вести

Back to top button