fbpx

Jeep Grand Cherokee за италијанските карабињери

Од Jeep објавија дека компанијата обезбедила флота од 19 специјално подготвени претставници на Grand Cherokee, кои ќе бидат употребени од италијанските карабињери за антитерористичкиот сектор

Моделите на Jeep се опремени со 3.0 литарски, V облик, шестцилиндричен мултиџет дизел мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 190 коњски сили и кој е комбиниран со осумстепена автоматска менувачка кутија и систем за погон на четири тркала.

Автомобилите се дополнително изменети, односно стаклата се блиндирани, има специјални гуми, а суспензијата е модификувана за подобрување на однесувањето на патот. Во опремата се додаваат дополнително осветлување и систем за сигнализација, комуникациски системи, поврзување со базата на податоци, а додаден е и дополнителен дисплеј на централната конзола.

 

Поврзани вести

Back to top button