Jeep развива конкурент на Suzuki Jimny
FCA развива компактен SUV кој ќе биде 40 сантиметри пократок од Jeep Renegade и ќе биде конкурент на моделот Suzuki Jimny
-Сега сме многу близу до создавање модел кој ќе биде помал од Renegade, рече Мајк Манли, шеф на Jeep. -Новиот модел ќе биде долг 3,8 метри и ќе ја користи платформата FCA Mini, која се очекува да биде „еволуција” од проектот FIAT Panda Cross. Се очекува дека Jeep ќе го понуди новиот автомобил на пазарот со погон на предните тркала и 4×4 за поскапата верзија.