fbpx

JLR ја претстави новата глобална стратегија

Новиот извршен директор на Jaguar Land Rover, Тиери Болор, го претстави сетот на планови со кои ќе започне трансформацијата во поставата на двата британски брендови

Според новата глобална стратегија на JLR наречена „Reimagine“, брендот Jaguar ќе се трансформира во целосно електричен бренд до 2025 година. Од друга страна, компанијата вети шест нови чисто електрични Land Rover возила до 2026, а првите се очекуваат во 2024. И додека Jaguar очекува 100 проценти од продажбата да опаднат на целосно електрични возила до 2030, Land Rover во својот фокус има 60 проценти од продажбата да биде во ЕВ сегментот.

Сепак, новиот план доаѓа на сметка на долгоочекуваниот нов Jaguar XJ. Овој модел, кој беше само 12 до 18 месеци оддалечен од производство според некои инсајдери, нема да биде дел од новата постава на Jaguar, со оглед на тоа дека новиот шеф одлучи малку да ги „раздрма“ плановите. Откако беше назначен на функцијата во септември 2020, новиот извршен директор на JLR го искористи времето за да направи осврт на долгорочната стратегија на JLR.

„Jaguar Land Rover е уникат во глобалната автомобилска индустрија. Дизајнери на неверојатни модели, бесконкурентско разбирање на идните луксузни потреби на своите клиенти, емоционалнa богата правичност на брендот. Reimagine стратегијата ни овозможува да ја засилиме и славиме оваа уникатност како никогаш претходно. Заедно, можеме да дизајнираме уште поодржливo и попозитивно влијание на светот околу нас“, изјави Болор.

Развој на две нови платформи

Од JLR истакнуваат дека имаат за цел да достигнат „нула емисија на CO2“ низ целиот свој ланец на достава, производи и операции до 2039 година. За сето тоа свој придонес треба да имаат различните архитектури развиени за двата бренда. Новата платформа на Jaguar ќе биде дизајнирана за целосно електрични возила, додека Land Rover ќе користи Modular Longitudinal Architecture (MLA) која ќе може да ги прифати електрифицирани мотори со внатрешно согорување и чисто електрични модели.

Jaguar Land Rover исто така ќе ја истражува и технологијата на водородни горивни ќелии, со планиран програм за долгорочни инвестиции. Истражувањето ќе доведе до првите возила со водородни горивни ќелии тестирани на британските патишта во следните 12 месеци.

Уште еден важен дел од Reimagine програмата ќе доведе до тоа што JLR ќе ги преземе своите фабрики на домашниот, британски пазар и ширум светот. Нивната фабрика во Солихал ќе ја произведува напредната чисто електрична платформа за Jaguar, како и MLA архитектурата за Land Rover. Сепак, акцентот е ставен на потребите на JLR „да биде со вистинска големина, да се пренамени и да се организира во една поагилна операција“. Ова ќе доведе до значително намалување на не-производствената структура на брендот во Велика Британија.

 

Поврзани вести

Back to top button