fbpx

JLR потврди електричен Range Rover, но го одложи претставувањето

Иако информациите за целосно електричен Range Rover не се нови, многумина веруваат дека ќе станува збор за целосно нов модел

Jaguar Land Rover потврди дека ќе пристигне електричен Range Rover, но ќе мораме да почекаме уште некое време пред да го видиме. Тоа не се однесува само на овој автомобил, туку и на целосно новиот и електричен Jaguar XJ. Двата автомобили ќе ја користат истата MLA платформа.

Според информациите кои ги пренесува Autocar, извршниот директор на JLR Ејдриен Мардел на инвеститорите им рекол дека двата електрични автомобили ќе бидат откриени во октомври и ноември, наместо август и септември, како што првично беше планирано. Мардел исто така зборувал и за непознат нов производ наречен MLA MID кој исто така е одложен.

Причината за одложувањето е пандемијата на коронавирусот. Одложувањето не е поврзано со инженерските работи и производството, со оглед на тоа дека операциите не беа запрени ни за време на карантинот. Најголемата причина за одложувањето е намалувањето на трошоците создадени од компанијата.

За електричниот Range Rover, кој се очекува да добие сосема ново име, малку работи се знаат, но се очекува да има понизок профил во однос на Velar, но слична должина. Како и да е, повеќе информации се очекуваат во следниот период бидејќи октомври се наближува.

Директорот на JLR исто така ги убедил инвеститорите дека инженерските работи на новата генерација на Range Rover и Range Rover Sport не е паузирана за време на карантинот и дека работите на Denfeder 90 исто така се одвивале според планираното.

Пред пандемијата на коронавирусот, JLR годишно продаваше околу 550.000 автомобили, а Мардел изјави дека очекува зголемување на продажбата на 600.000 автомобили годишно. Кога станува збор за новиот Defender, Мардел очекува тој да донесе годишна продажба од 100.000 примероци.

 

 

Поврзани вести

Back to top button