Жозе Мурињо во посета на погоните на Jaguar
Жозе Мурињо реши да направи вистинско изненадување со посетата на фабриката на Jaguar Land Rover во Солихол
Жозе Мурињо реши да направи вистинско изненадување со посетата на фабриката на Jaguar Land Rover во Солихол, со желба да види како вработените го конструираат неговиот нов автомобил, 100.000-от F-PACE. Мурињо носеше специјален комбинезон на Jaguar и се упати директно кон работниците, за да го надгледува производството на својот автомобил и да помогне на тимот при неговото движење по производната линија.
-Ова за мене беше неверојатно искуство. Пријатно е чуството да се посети фабриката на Jaguar и да го видите производството на возила, технологии и напорна работа…развојот на убав автомобил. Jaguar е бренд со кој сум поврзан многу години. Во 2014 година јас бев првиот клиент во Велика Британија, кој доби F-TYPE купе, а сега ќе станам 100 000- от клиент на Jaguar F-PACE е нешто многу посебно, истакна фудбалскиот стратег.
По посетата на фабриката Жозе зборуваше пред вработените рече дека им се восхитува, дека се одличен тим кој знае што сака и умее, мотивирајќи ги и објаснувајќи за гордоста и страста, кој човек мора да ги има во работата на производите кои тие ги создаваат.
-Убаво е што ќе го имаме еден од најуспешните фудбалски менаџери зад управувачот на F-PACE – нашиот SUV, кој беше избран за најдобар и најубав автомобил во светот за 2017 година. Исто како Жозе Мурињо Jaguar F-PACE има индивидуален стил и најдобри перформанси”.
Во 2016 година Мурињо направи тест возење со Jaguar F-PACE како дел од екстремно искуство за обука на возачи на моќни автомобили на арктичкиот круг. Жозе Мурињо ја усовршуваше уметноста на дрифтингот со голема брзина и возењето на мраз со полн гас на 60-километри замрзнатото езеро во објектот на Jaguar за екстремни тестови во Ареплог, во Шведска.