fbpx

Каде BMW го произведува Серија 2 Gran Coupe

Скоро еден месец по официјалното претставување, новата Серија 2 Gran Coupe влезе во производство во Лајпциг, Германија

Придружувајќи се на новата генерација на Серија 1, Серија 2 Coupe и Convertible, Серија 2 Active Tourer и М2 Competition, новата Серија 2 Gran Coupe стана деветтиот модел на BMW кој моментално се произведува во оваа фабрика.

„Горди сме што го произведуваме новото купе со четири врати во фабриката во Лајпциг за целиот свет“, рече директорот на фабриката, Ханс-Питер Кемсер. „Ова ново возило доведува до значително зголемување на волуменот“.

Серија 2 Gran Coupe

Кога ќе се појави во продажба следната пролет, Серија 2 Gran Coupe ќе биде понуден со избор на еден дизел и два бензински мотори. Европскиот пазар ќе го добие 2,0 литарскиот 190 коњкси дизел како 220d и 1,5 литарскиот бензинец со 140 коњски сили, под ознака 218i. На врвот на опсегот ќе се наоѓа M235i xDrive со 301 коњски сили и 450 Nm вртежен момент.

На американскиот пазар пак, автомобилот ќе биде достапен како M235i xDrive и 228i xDrive, кој располага со 2,0 литарски четири-цилиндарски мотор, со моќност од 228 коњски сили и 350 Nm вртежен момент.

Поврзани вести

Back to top button