fbpx

Како да се одбере вистинско и квалитетно моторно масло?

Користењето на квалитетно моторно масло е една од клучните работи за продолжување на животниот век на вашиот автомобил

Понудата на моторни масла е многу голема, а понекогаш и многу збунувачка. Иако нивната главна функција е подмaчкување т.е намалување на абењето на деловите од моторот кои се движат со голема брзина и создаваат големо триење. Исто така треба да знаете дека моторното масло го штити моторот од корозија, го чисти, но и го лади. Покрај тоа квалитетни моторни масла обезбедуваат пофина работа на моторот и ги штитат DPF филтрите и катализаторите, па дури и ја намалуваат потрошувачката на гориво.

Покрај тоа вискозноста на синтетичкото масло (т.е. отпорноста на маслото кон протокот) се менува помалку во однос на температурата, што е исклучително важно својство на квалитетно моторно масло. Една од главните причини зошто е потребна и важна редовната замена, како и соодветниот избор на квалитетно моторно масло кај секој мотор со внатрешно согорување се: оксидација, намалување на својствата на адитивите во маслото и контаминација на истото.

Треба да се напомене дека постојат специјални моторни масла за економичност на горивото, кои овозможуваат намалување на потрошувачката. Нивниот состав обично содржи адитиви против триење кои се „лепат” на металните делови во моторот и со тоа се намалува потрошувачката на гориво. Во последниве години, направени се значителни напори за развој на масла кои содржат малку сулфур и кои се препорачуваат и се користат во поновите типови на возила.

Помош при правилен избор на масло

За почеток, кога избирате моторно масло за вашиот автомобил, провете го упатството на возилото за спецификацијата и степенот на вискозитет препорачани од производителот. Спецификациите на индивидуалните производители на возила најчесто се различни и не се во согласност едни со други, така што прозиводителите на моторни масло се принудени да произведуваат и пласираат голем број моторни масла со различни спецификации. Ова дополнителни ги збунува крајните потрошувачи, односно сопствениците на возила.

Многу е важно моторното масло да се менува во интервали препорачани од производителот, и тоа со моторно масло кое има спецификации и одобренија што може да се користат во одреден тип на мотор. Ако не сте сигурни при изборот на моторно масло, постои брза и сигурна апликација Motul Lubricant Advisor. Таа дава информации со соодветен избор на Motul масло за секој тип на возило, поделено по категории на прозиводител и тип на возило.

Кога е време да се смени моторното масло?

Како што веќе напоменавме, до неодамна, маслото во моторот беше препорачано да се менува на секои неколку илјади километри. Денес, технологијата на производство напредува, па маслото може да се менува дури и на 30.000 километи, па и повеќе кај некои типови на современи мотори.
Во исто време, производителите на автомобили се обидуваат да се усогласат со ЕУРО нормите за емисии на штетни издувни гасови или ограничувања на потрошувачката на гориво, ги зголемуваат интервалите за промена на масло со се построгите барања во спецификациите на моторните масла. Интервалите за сервисирање се строго дефинирани од страна на производителите на автомобили и за модерните мотори се движат од 15.000 до 50.000 км., во некои одредени услови.

Нивото на квалитет на маслата што може да се имаат продолжени интервали на промена се определува според спецификациите пропишани од производителот на возило. Во светот нема голем број производители на моторно масло кои можат да ги исполнат овие високи барања. Motul е еден од нив. Споменатиот советник за масло ви овозможува да ги најдете сите технички податоци за маслата за сите видови возила како што се: патнички автомобили, мотоцикли, комерцијални возила, земјоделски и градежни машини.

Од што зависи интервалот на промена на масло?

Спецификации и препораките во врска со промената и видот на моторното масло ги дава производителот на возилото врз основа на лабараториските истражувања. Имајќи предвид дека реалните услови за возење се потешки од лабораториските симулирани, дефинирани се максималните интервали за промена на маслото, наведени во упатството за даденото возило.

Услови што можат да влијаат на намалувањето на интервалот за промена на маслото се кратките растојанија на возење, односно често палење и гасење на моторот. Потоа, условите во кои се чува возилото, честото градско возење со многу запирања, ниски вртежи и мала брзина, возењето по угорнини, честата употреба при високи надворешни температури, често палење на моторот при ниски температури, влечење приколки со товар, возење во услови на прашина, кал, влажност на воздухот, песок и слично. Секако, еден од главните фактори е и користењето на неквалитетно гориво.

Поради ова, производителите на возила често пати преку сензорите на моторот добиваат многу повеќе информации одколку преку поминатите километри. На пример, ако производителот предвидел промена на маслото да биде од 15.000 до 30.000км ( или на секои 12 до 24 месеци), веројатно интервалот ќе се намали на помалку од 10.000 км ( и помалку од 12 месеци) ако централниот компјутер на возилото открил дека условите во кои се вози возилото се особено тешки.

Треба да се напомене дека интервалите за промена на масло секогаш се дифинираат во километри и истовремено со месеци. Промената на маслото треба да се изврши кога еден од овие два услови е исполнет, имајќи ги предвид не само поминатите километри, туку и споменатите услови за возење.

За моторните масла Motul

Motul е првиот производител на моторни масло во светот што го измислил мултиградното масло уште во 1953 година, и првото полусинтетичко масло во 1966 година. Во 1971 година, Motul е прв во светот што започнува производство на 100% синтетичко моторно масло MOTUL 300V.

Оваа година, Motul ја одбележува 50-годишнината од производството на првото 100% синтетичко масло во светот, легендарното 300V. Половина век победи, како на некои од најпрестижните трки во светот, така и на меѓународниот пазар… Motul ве води низ времето и ги претствавува најважните моменти од својата историја.

За повеќе инфорамции за производите на Motul и условите за купување, контактирајте го официјалниот увозник и дистрибутер за Македонија, Мега Ауто Партс.

Поврзани вести

Back to top button