fbpx

Како Koenigsegg Jesko произведува 1600 КС и ги задоволува барањата за издувна емисија

Тоа е еден од најмоќните мотори со внатрешно согорување на планетата и исто така еден од технички најнапредните

Да се произведат многу коњски сили не е многу тешко кога не треба да се грижите за прописите за издуваната емисија. Додадете многу гориво и побудете го во силен мотор, и ете подготвени сте. Но, кога треба да конструира глобално одржлив автомобил во производство, ќе наидете на проблеми. Koenigsegg откриле како да го постигнат тоа.

Новиот суперавтомобил Jesko остварува апсурдни 1600 коњски сили и 1500 Nm вртежен момент со 5 -литарскиот V-8, со двојна турбина мотор, што го прави новиот најмоќен бензински мотор на планетата. Сепак, лудиот дел не е само моќноста, туку како инженерите го изведоа тоа, сепак да ги задоволува прописите за издувната емисија во земјите низ светот.

Не постои само еден трик кој Koenigsegg го користи за да го задржи својот мотор еколошки – тоа е куп од многу ситни работи. Моторот работи на E85, но благодарение на флексибилниот сензор за гориво може во движење да ги префрли нагодувањата за да работи на 91 октан.

KoenigseggПостојат три бризгалки по цилиндар кои овозможуваат воздухот и горивото да се мешаат колку што е можно поефикасно пред да стигнат до комората за согорување. Цилиндарските глави се редизајнирани за да се оптимизира распрснувањето во внатрешноста на комората, за разлика од дизајнот кој се користи во новиот Dynamic Force мотор на Toyota. Ова значи дека моторот може да работи поефикасно при ниски оптоварувања и да создаде поголем буст.

Коленестото вратило во една рамнина овозможува број на вртежи над границата и ги израмнува издувните импулси, што значи помазен проток низ турбината и издувниот систем. Веројатно најкул дел од сетот на моторот е вградениот резервоар за воздух под притисок. Бидејќи турбокомпресорите на Jesko се толку големи, потребно им е голема количина издувни гасови за да ги подигнат.

KoenigseggСо цел да се компензира заостанувањето, има цевка која се исфрла воздух под притисок во турбината, за да се врти при низок број на вртежи, кога притисокот од издувот не е доволен за тоа. Напојувањето со воздухот постојано се полни преку вградена пумпа. Тоа е паметно решение што ја отстранува потребата за повеќе турбини, со што би се зголемила тежината. Ова исто така го забрзува процесот на загревање на каталитичкиот конвертор, што е подобро за издувната емисија.

Џејсон Фенски од Инженеринг секторот во детално видео ги објаснува карактеристиките на моторот и ако ве интересираат моќни мотори, сигурно вреди за вашето време.

Поврзани вести

Back to top button