fbpx

Како се купуваше во Европа: Најпродавани автомобили за 2019

Volkswagen има дури три модели меѓу петте најпродавани во Европа, додека честа на Јапонците повторно ја брани Nissan Qashqai

Volkswagen Golf ја продолжи својата доминација на европскиот пазар и во 2019. година, покажуваат резултатите за најпродавани автомобили во Европа за изминатите 11 месеци кои ги објави сајтот focus2move.com. На второто место се најде Renault Clio, а на третото и четвртото место се најдоа уште два модели на Volkswagen – Polo и Tiguan.

Golf останува на врвот и покрај падот во продажбата, па сега има удел од 2,7 проценти во целиот пазар со 427.489 единици продадени за изминатите 11 месеци во Европа. Clio направи напредок од едно место за разлика од минатата година, практично заменувајќи ги местата со Polo. Tiguanot не мрда од четвртото место, додека најголем напредок во Топ 5 има Octavia, која во 2018. година беше на седмото место.

Топ 5 листата ја затвора Škoda Octavia, додека од шестото до десеттото место се пласирани Nissan Qashqai, Ford Focus, Ford Fiesta, Opel Corsa и Citroen C3, со тоа што разликата меѓу Qashqai и Octavia е само околу четири илјади примероци, а пак Citroen C3 за три, односно четири илјади единици ги претрка Peugeot 208 и Dacia Sandero за место во Топ 10 најпродавани модели во Европа.

Најопфатна листа на најпродавани модели

Ford Focus има најголем напредок од сите модели во Топ 10, со напредок од три позиции, со оглед на тоа дека во 2018. година беше на 10 место, а годинава се најде седмата позиција. Сите автомобили во Топ 10 листата за 2019. година беа тука и минатата година, со исклучок на Opel Corsa, која му го зазеде местото на Peugeot 208 во однос на лани, кој секако може да се смета како најголем губитник, заедно со Fiesta, која лани беше во Топ 5, а годинава е на осмото место.

За разлика од некои други листи на најпродавани автомобили на Стариот континент, оваа опфати најголем број на земји, дури 44, почнувајќи од Португалија на крајниот запад, па се до државите на истокот од Европа како Русија, Украина и Турција.

Поврзани вести

Back to top button