fbpx

Како Volkswagen ID.3 се раѓа во Германија

ID.3 е најважниот нов модел на VW од воведувањето на Golf, a благодарение на видеото, може да го проследиме целокупниот процес на производство на електричниот хечбек

Изградбата на ID.3 во моментот ја води одделот на VW во Цвикау, Германија, и додека автомобилот е навистина иновативен, неговиот процес на производство во голема мера е ист како и процесот кај другите модели, бидејќи работата сепак ја вршат роботите.

Она што може да се каже дека е еден од најважните делови кај автомобилот е неговиот под, каде е сместен батерискиот пакет, кој во овој процес има приоритетно место, а потоа се поставуаат останатите компоненти на погонот, вклуќувајќи го и позиционирањето на електричниот мотор на задната оска.

https://www.youtube.com/watch?list=PLhPLTEHxfY0HkRkHY4f4A3IVf7xLj752_&time_continue=424&v=7CJpd2_HVww

Volkswagen се надева дека ID.3 ќе се продаде во навистина голем број, а понудени ќе се три опции во поглед на батерискиот опсег. Пакетот од 45 kWh ќе овозможи патување од 330 km со едно полнење, 58 kWh обезбедува опсег од 420 km, додека пак 77 kWh пакет обезбедува 500 km со едно полнење.

Компанијата вели дека цените за ID.3 ќе започнат под 30.000 евра во Германија.

Поврзани вести

Back to top button