Како звучи новиот Shelby GT500
Пред речиси еден месец за прв пат го погледнавме новиот Mustang, а сега имаме прилика и да го слушнеме како звучи при своите четири издувни режими
Изминатиот месец на саемот во Детроит, Ford ни го претстави својот најмоќен Mustang досега, новиот Shelby GT500. Тука можевме накратко да се запознаеме и со неговиот звук од премиерното видео на Ford. Но, доколку ова не беше доволно, сега можеме повторно да го слушнеме како звучи, и тоа во сите четири издувни режими.
На листата на подесувања на 5,2 литарскиот V8 GT500, прв се наоѓа Quiet, односно тивкиот работен режим на издувниот систем, следни се Normal и Sport, а како последен е Track, односно работен режим при кој звучи како вистинско возило наменето за стаза.
Видеото започнува со надворешна перспектива на издувниот систем на возилото при нормален режим, проследено со спортски и тркачки режим. Потоа имаме можност да го слушнеме и одвнатре, при што ни се прикажани сите четири режими. Може да кажеме дека новиот Shelby звучи навистина опасно.