Камион на Nikola Corp доаѓа во Европа
До неодамна се веруваше дека американската компанија Nikola ги подготвува камионите со водород само за локалниот пазар
Компанијата веќе ги покажа моделите One и Two, кои ќе се натпреваруваат со електричниот камион на Тесла, но сега блиски извори наведуваат дека компанијата сака да влезе на пазарите во Европа. Засега, третиот модел на Nikola е само на цртеж, односно нема подготвен прототип.
Камионот ќе се вика Tre, и е типичен за европскиот пазар: со кабина без долга хауба и дополнителен кревет. Дизајнот на моделот е футуристички, при што надворешните огледала се заменуваат со камери. Сите дневни светла и елементи кои се наставаат на камионот, вклучувајќи ги и тркалата, се покриени со аеродинамични панели.
Техничките детали за новиот камион на Nikola засега се непознати, но се верува дека се слични на моделите One и Two.
Tre ќе биде достапен во две варијанти на пренос: 6×2 и 6×4, а вкупната моќност во зависност од опремата ќе биде од 500 до 1000 КС. Досегот со едно полнење треба да достигне 1.200 километри. Исто така, се најавува дека европскиот Nikola Tre е во согласност со сите барања за тежина и габарит кои се однесуваат на континентот. Во камионот ќе бидат вклучени најсовремени електронски системи, како и комплетен автопилот.
Засега е познато дека компанијата нема да може да се справи со планот, кој предвидуваше трите камиони да излезат на пазарот во 2020-2021 година. Затоа и рокот за појавата на моделите е одложен за 2022-2023 година.