fbpx

Карамбол на СПА, победата за Фетел

Возачот на Ferrari, Себастијан Фетел, најголемиот ривал на актуелниот шампион, Мерцедесовиот адут, Луис Хамилтон, триумфираше на легендарната Спа Франкошамп, во трката за ГН на Белгија и ја намали предноста на Британецот во генералниот плсман

Но, сигурно оваа трка нема да се памети само по победата на Германецот, туку и по карамболот на стартот кој сепак мина без посериозни потешкотии. Актуелниот светски шампион ја имаше пол-позицијата, по оние навистина возбудливи квалификации кои со себе ги „донесе“ дождот. Хамилтон тргна силовито,но Фетел направи клучен маневар по само неколку свиоци од 44-те круга и го мина Хамилтон.

Но водечките во генералниот пласман во тој момент не беа единствени во фокусот по стартот на трката, бидејќи зад нив се случи непријатен карамбол во кој настрадаа повеќе болиди, но се мина без посериозни потешкотии. Поради удар одзади и од страна на Нико Хулкенберг, Фернандо Алонсо излета драматично, уште на првиот свиок, па го собра со себе и Шарл Леклерк.

Фетел

Во оваа драма настрадаа и Даниел Рикардо откако беше закачен од Кими Раиконен, а поради некои парчиња на патеката, кои се уште не беа расчистени проблеми имаше и Финецот, па по подолга интервенција на неговиот болид не се врати на патеката. И Рикардо по неколку извозени кругови се најде во својата гаража.

Благодарение на навремените реакции и правилната стратегија на неговиот тим, Фетел го сочува водството до крајот, запишувајќи 52. победа во кариерата, со што го престигна Ален Прост и дојде трет на вечната листа.

Инаку вредно е да се одбележи дека ова е прва победа на Ferrari на СПА по 2009 година. Со ова продолжува неизвесноста во F1 шампионатот. Себастијан Фетел и Ferrari се чини добро ја искористија летната пауза и со овој триумф е прекината низата од две победи на Луис Хамилтон.

 

Фетел

Холанѓанецот Макс Верстапен на Red Bull беше трет додека бодови на белгиското гран при оосвоија, Финецот Валтери Ботас на Mercedes, кој поради замена на моторот стартуваше како 17-ти, двајцата возачи на Force India, Мексиканецот Серхио Перез и Французинот Себастијан Окон.

По нив низ целта минаа пилотите на Haas, Французинот Роман Грожан и Данецот Кевин Магнусен, а топ 10 листата ја заокружија Французинот Пјер Гасли на Toro Rosso и Швеѓанецот Маркус Ериксон на Sauber. Во Генералниот пласман кај возачите, Фетел ја намали разликата сега на 17 бодови во однос на лидерот Хамилтон, кој води со 231 поен.Следната трка во шампионатот е за Големата награда на Италија, на патеката во Монца, закажана за 2-ри септември.

Фетел

 

Поврзани вести

Back to top button