Името на наследникот на Гон ќе биде познато во февруари
Renault ќе го објави името на наследникот на големиот шеф на компанијата, Карлос Гон, во февруари, соопшти францускиот весник Les Echos, цитирајки извори блиски до раководството на автомобилскиот производител
Според изданието, веќе е собран тим кој спроведува состаноци и интервјуа на потенцијалните наследници на главниот извршен директор, кој успеа во својата кариера, од кога е на чело на Renault и марките под капата на француската компанија, да ги донесе до позицијата- еден од најголемите производители на автомобили во Европа. С
е претпоставува дека името на новиот извршен директор ќе биде објавено во средината на февруари или токму на 16- ти, кога Renault најави дека ќе ги објави комплетните резултатите за оствареното во 2017 година. Потоа, на својот годишен состанок во јуни, акционерите на Renault ќе гласаат за новиот шеф. Се претпоставува дека Гон ќе ја задржи позицијата како прв човек на Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, каде влегуваат и марките Dacia и AvtoVAZ (Lada).
Гон е извршен директор на Renault од 2005 година и ќе има 64 години кога неговиот договор ќе истече во мај следната година.
Инаку, неговата кариера во Renault започна во 1996 година, а неговиот од кон врвот започна со спасот на Nissan во 1999 година, кратко време откако Французите го стекнаа контролниот пакет акции кај јапонскиот производител. Во февруари годинава, Гон ја напушти функцијата извршен директор на Nissan, но остана претседател на одборот на директори, откако ја зазема истата позицијата во Mitsubishi и Renault.
Според Les Echos, во Renault се надеваат дека ќе најдат наследник на Гон во структурите на компанијата, а Алијансата ќе ја заврши годината како најголема група во автомобилската индустрија со продажба од над 10 милиони автомобили. Покрај тоа, Renault објави рекордна продажба и профит оваа година, откако се обнови продажбата во Русија и Бразил.