Кен Блок подготвува нов Ford Escort
На релито во Мејн минатата година при излетување од патот целосно беше уништен автомобилот на познатиот возач, кој сега активно работи на замена на истиот
На шумското рели во јули изминатата година, Кен Блок учествуваше со својот Ford Escort RS Cosworth, кој беше комплетно уништен одкако се зафати во пламен по излетувањето и превртувањето. Кратко по несреќата, познатиот возач изјави дека повторно ќе вози Escort Cosworth и со него ќе се врати на релито.
Речено, сторено. Новата рели машина можеби изгледа како класичен Cosworth, но со серија модификации нарачани од Блок, таа е многу повеќе од тоа. Како дел промените кај овој автомобил се новиот заден дифузер, сет ретро-инспирирани тркала, а исто така тука се и проширените крила на предните и задните тркала.
Изградбата е сеуште во тек, додека пак овие рендери ни даваат речиси целосен приказ на завршниот изглед на ова рели возило. Покриено со препознатливите Hoonigan Racing и Monster Energy, овој Ford навистина ќе се издвојува помеѓу останатите учесници на сите рели трки.
За жал, оригиналниот Cosworth на Блок бил толку многу оштетен во пожарот, што ниту еден негов дел не можел повторно да се користи. Тоа значи дека новиот Cosworth е целосно опремен со специјално нарачани компоненти.
Одкако ќе биде спремен, Кен со него ќе ја започне Светската турнеја, каде прво ќе се појави на Акри Вуд релито во Мисури, од каде ќе продолжи кон Вангреаи во Нов Зеланд, Донегал меѓународното рели во Ирска, итн.