Кен Блок прави лудости со своите четири рели автомобили
Кен Блок е апсолутен мајстор во возењето на „оф-роуд“ терени, а неодамна со своите четири автомобили одлучи да направи споредувачки тест
Еден од најпознатите и најдобрите егзибициски возачи на денешницата, Кен Блок, со своите Subaru WRX STI, Ford Escort Cosworth V2, Gieser Bro’s G6 Trophy Truck и Ford Fiesta R2 на неговата сопруга ги изнесе на „оф-роуд“ терен за да приреди вистинска забава и да направи споредувања на нивните способности. Иако автомобилите се мошне различни, истите беа тестирани на кратка патека од чакал со цел да ги испроба нивните забрзувања, сопирања и влегувањата во свиоците.
Првиот автомобил кој го тестираше е новиот Subaru WRX STI кој испорачува 375 КС и се натпреваруваше во American Rally Association шампионатот. Како што можете да претпоставите, мошне е брз на права линија и исто така е мошне маневрирачко возило, совршено за ваков тип на тестови. Со овој автомобил достигна најдобро време од 13,7 секунди пред Блок да влезе во Trophy Truck кој испорачува луди 1.100 КС.
Блок постсавува најдобро време од 15,7 секунди, а иако се обиде да го совлада тоа време во двата други обиди, но не можеше да направи подобар резултат. Следен беше Ford Escort Cosworth V2 кој, исто како и WRX STI, испорачува 375 КС. Сепак, ова возило не беше возено од страна на Блок, туку од страна на млад рели возач по име Џекс Редлајн кој постави најдобро време од 14,9 секунди.
На крајот на ред дојде Ford Fiesta R2 кој го возеше сопругата на Кен Блок. Со оглед на тоа дека има погон на предните тркала и испорачува само 197 КС, тоа e јасен недостаток во однос на другите и заврши на последното место со време од 19 секунди.