Kia најави неколку нови електрични возила, првото дебитира наскоро
Kia полека се соочува со транзиција од производител на автомобили до компанија која нуди нови одржливи решенија за мобилност
Корејскиот производител се соочува со драстични промени. Компанијата го промени своето име во Kia Corporation – претходно Kia Motors Corporation – и го најави новиот слоган на брендот: „Movement that Inspires“.
Иако можеби слоганот на прв поглед не значи ништо особено, шефот на одделот за глобален бренд и искуство на купувачите, Артур Мартинс, даде свое објаснување. „Движењето отсекогаш било во срцето на нашиот бренд, а движењето на луѓето во јадрото на нашиот бизнис. Движењето му помага на човештвото за постојано да прогресира, напредува и еволуира. Затоа во Kia веруваме дека движењето инспирира идеи“.
Една од најважните вести е одлуката на Kia да се фокусира на популаризирање на електричните возила. Како дел од оваа иницијатива, компанијата ќе лансира седум нови ЕВ модели до 2027 година. Секој од нив ќе биде базиран на Electric-Global Modular Platform (E-GMP), а од Kia истакнуваат дека можеме да очекуваме голем број на возила вклучително автомобили, кросовери и MPV модели.
Првиот модел на Kia кој ќе биде базиран на E-GMP платформата ќе биде претставен наскоро и е познат како CV. Компанијата ги чува деталите во тајност во моментов. Сепак, откриваат дека ќе има дизајн инспириран од кросоверите, ќе се одликува со брзи полначки способности и опсег на движење поголем од 500 километри.
Освен ова, Kia исто така развива наменски возила. Тие ќе бидат базирани на флексибилни платформи и ќе се карактеризираат со модуларни каросерии кои ќе можат да бидат „скроени“ за да ги пресретнат специфичните барања на правните и флотните купувачи.
Kia додава дека потребата за наменски возила ќе порасне до 2030 година. Тоа ќе биде поради зголемувањето на e-commerce сегментот во трговијата и car-sharing услугите. Како резултат на ова, тие започнаа соработка со Arrival и Canoo. Тоа значи дека ќе почнат да произведуваат специјални возила за car-sharing и услуги за достава.
Иако Kia не откри многу за престојните електрични возила, тие објавија неколку тизери. Според она што може да се види, корејскиот производител најави три автомобили и два кросовери, но и неколку комерцијални возила. Нешто повеќе за нив, како и новата дизајнерска насока на компанијата ќе дознаеме во следните недели.