Kia со нов електричен концепт во Женева
Покрај кросоверот XCeed, корејскиот производител на автомобили во Женева ќе се претстави и со нов електричен концепт
Новиот електричен концепт на Kia ветува футуристички изглед и високи перформанси, при што ќе биде стилизаран преку емоционалниот пристап кон електрификација на овој производител.
Концептниот автомобилот е дизајниран во Европскиот центар за дизајн на автомобили во Франкфурт, при што претставува визуелно олицетворение на желбата на компанијата да се движи напред кон возбудливиот свет на електрификација.
До сега имавме прилика само да ѕирнеме во дизајнот на овој модел преку тизер фотографијата, од која може да се види предниот дел на возилото кој се одликува со уникатен светлосен потпис во форма на очила.
LED лентата опкружува две хоризонтални LED единици кои се дел од фаровите, а исто така се осветлува и логото на Kia. Карактеристики на новиот дизајнот се исто така и широките лакови над тркалата и малите видео камери кои ги заменуваат стандардните ретровизори.
„Дизајнот на автомобилите има главна цел да ги обземе емоциите на купувачите и да ги освои нивните срца. Ние веруваме дека нема не постои никаква причина зошто ова би се променило само затоа што автомобилот е електричен”, вели Грегори Гијом, потпретседател на одделот за дизајн на Kia Motors Европа.
Тој изјави дека овој модел ветува перформанси кои ќе го подржуваат новиот и агресивен дизајн, а останува да се увериме на неговото деби во Женева.