fbpx

Kia со нов „лут“ кросовер во Њујорк

Корејската компанија ќе ги прикаже на саемот во Њујорк кросовер наречен Habaniro

Само една буква го разликува од името на прочуените лути пиперки Хабанеро (Capsicum chinense Habanero Group), кои се сметаат за најлути во светот. Веројатно со тоа Корејците сакаат да се спореди концептот Habaniro со оваа лута пиперка преку црвените акценти на надворешноста. Од друга страна, судејќи по новитетот Niro, и Habaniro можеби е навестување за поврзаност со денешните модерни хибридни и електрични автомобили.

Судејќи според единствената слика пуштена во врска со внатрешноста, моделот дава идеја за нов дизајнерски правец во компанијата, што пак е поврзано со заминувањето на поранешниот главен дизајнер Петер Шрејер. Моделот нема никаква врска со сегашниот опсег на Kia во облик на Shiri – на пример, типичната тигарска решетка.

Автомобилот е компактен и е повеќе од вид на подигнат хечбек. Карактеристично за него е раздвојувањето на решетките со линијата дневни LED светла, Z-облик на страните и црната пластика која се протега од предните до задните браници. Друго интересно во дизајнот е тоа што може да се види закосениот заден дел кој потсеќа на купе верзија.

Рачките на вратите се скриени, тркалата се доста големи со off-road гуми, недостасуваат страничните ретровизори, за чија улога веројатно играат камери. Сериската верзија, се разбира, ќе биде многу поедноставна во изгледот.

Засега од Kia не откриваат технички детали за автомобилот но, од компанијата навестија дека ќе има присуство на струја. Kia Habaniro ќе биде откриен за јавноста во Њујорк на 17-ти април.

Поврзани вести

Back to top button