fbpx

Kia објави тизери од новиот Sorento кој ќе дебитира во Женева

Корејскиот бренд Kia објави официјални тизер цртежи со кои се најавува новиот SUV Sorento, кој своето деби ќе го има на Саемот во Женева

Sorento претставува еден од најважните модели на Kia, а од своето појавување на пазарот во 2002 година, продадени се повеќе од 3 милиони примероци. Сега е време за четвртата генерација, а и покрај тоа што изминативе денови се појавија шпиунски фотки без никаква камуфлажа, Kia одлучи да објави официјални тизер скици во пресрет на премиерата на Sorento на Саемот за автомобили во Женева на 3 март.

Kia откри дека новата генерација на Sorento е базирана на новата платформа наменета за SUV моделите на компанијата и дека е дизајниран на тој начин да нуди повеќе простор во внатрешноста во однос на ривалите од овој сегмент, односно целта е да се биде рамо до рамо со возилата од повисоката класа. Од Kia тврдат дека новиот Sorento ги подигнува стандардите во сегментот кога станува збор за практичноста на автомобилот. Исто така, познато е дека новиот Sorento за прв пат ќе усвои и хибриден погон.

Sorento

Треба да се истакне дека Kia веќе произведе електрифицирана верзија на Soreto. Станува збор за дизелски хибрид кој се појави на Саемот за автомобили во Франкфурт во 2009 година, а беше напојуван од комбинација на 1,6-литарски четирицилиндричен дизелски мотор со 163 КС, електричен мотор од 40 КС и автоматски менувач со двојна спојка. Емисијата на CO2 изнесуваше 119 грама по минат километар. Сепак, со оглед на тоа дека технологијата драстично напредуваше во изминатите 11 години, новиот Sorento се очекува да биде поштедлив и почист.

Новиот Sorento пристигнува со неколку новости

Според неофицијалните најави, новиот Sorentо во понудата ќе пристигне со шест мотори, но тоа ќе зависи од пазарот каде што ќе биде пласиран. Бензинските мотори ќе пристигнат со 2,5-литарски агрегати кој ќе биде стандарден во понудата, додека 2,0-литарскиот и 2,5-литарскиот турбо бензинци ќе пристигнат со поскапите модели. Според најавите, се очекуваат и 2,0-литарски, односно 2,2-литарски турбодизел мотори.

Sorento според најавите ќе биде првиот модел на Kia кој ќе овозможува отклучување на возилото со помош на мобилен телефон и самостојно паркирање со помош на паметен клуч.

Четвртата генерација на Sorento ќе има и напредни безбедносни системи, инфозабавен систем, приказ за случувањата во мртвиот агол на дигиталната инструмент табла и уште многу други опции.

Поврзани вести

Back to top button