fbpx

Следната генерација на Kia Optima доаѓа во декември

Kia Motors Korea ги објави првите официјални скици од целосно новиот седан К5, кој кај нас е познат како Optima

Со закажана премиера во декември, третата генерација на Kia Optima според објавените рендери ќе донесе целосно нов дизајн внатре и надвор. Според производителот на автомобили, севкупната нова Kia ќе се развива од седан во елегантен fastback модел, со спортски смели стилски елементи кои создаваат интензивна и футуристичка слика.

Покрај наклоната покривна линија, клучните надворешни измени вклучуваат и ново лице дефинирано со агресивните фарови и вдлабната решетка, кои формираат единствен континуиран елемент. Kia го нарекува ова „Тигарско лице“ и вели дека елементот ја покажува насоката на дизајнот на следната генерација на марката и ќе се применува кај сите идни модели.

Kia Optima

Она што може да се забележи од скиците, е еволуцијата на задниот дел на моделот, каде LED светлата се поврзани со осветлена лента, но светлосниот потпис се состои од многу фрагментирани сегменти. Сепак овие се само скици, но јасно е дека новата Optima ќе изгледа многу понеконвенционално од сегашниот модел.

Кога станува збор за ентериерот, Kia вели дека го следи концептот кој е ориентиран кон возачот, така што нуди многу простор и отвореност. Контролната табла има целосен дигитален инструмент панел, веднаш до централниот дисплеј на широк екран, ориентиран кон возачот. За системот AVN (Аудио видео навигација) се вели дека нуди футуристички квалитет на сликата преку тродимензионалниот главен екран.

Kia Optima

 

Поврзани вести

Back to top button