fbpx

KIA подготвува нов спортски седан

Корејскиот производител KIA Motors се подготвува да лансира нов спортски седан - Cerato GT

Фотографии од прототипот на моделот со четири врати веќе се најдоа на интернет просторот. Тестовите на ова остварување се спроведуваат во Јужна Кореја, каде што Cerato е достапен под името K3. На други пазари, како во Северна Америка, автомобилот е познат како KIA Forte, а како и да се нарекува наскоро се очекува да добие спортски додаток кон неговото име.

Cerato

Единствената фотка покажува дека спортската верзија ќе добие агресивен заден браник и спортски издувен систем со масивни цевки, а исто така и аеродинамичен дифузер.

Што се однесува до моторот, KIA смета на 1.6-литарскиот T-Gdi мотор, кој е со моќ од 205 КС. Единицата ќе работи заедно со 6-брзински мануелен или 7-степен автоматски менувач.

Премиерата на автомобилот ќе биде есента оваа година.

Поврзани вести

Back to top button