Kia ја покажа сериската верзија на електричниот Niro
Пред половина година KIA го претстави прототипот Niro EV, а сега е подготвена и сериската варијанта на моделот, кој претрпе некои измени
Во опремата на серискиот електричен кросовер влегуваат индикациската оптика, преработени предни и задни браници, дополнителни хромирани елементи и специјални 17-инчни фелни. Компанијата открива дека KIA Niro EV е изграден на платформата што се користи и за Hyundai Ionic EV. Должината на електричниот е 4.375, широчината 1.805, а висината 1.560 милиметри. Растојанието помеѓу двете оски е 2.700 mm.
Niro EV нуди избор од два електрични мотори од 135 и 204 коњски сили.
Во првиот случај батеријата е со капацитет 29,2 kW/h, што обезбедува километража од 240 km (по новиот циклус за мерење WTLP). Втората батерија е 64 kW/h, а километражата достигнува 380 km. Меѓу асист-составите и системите за безбедност се вклучени круз-контрола и систем за одржување на лентата на движење, систем за спречување на фронтален судир, сензори за следење на заморот на возачот …