fbpx

Kia премиерно го покажа целосно новиот EV9

Најновиот адут на корејскиот производител Kia и новиот предводник на SUV поставата, моделот EV9, официјално ја доживеа својата премиера

Долгоочекуваниот целосно нов и целосно електричен SUV на корејскиот производител Kia, моделот EV9 и официјално ја забележа својата премиера. Со својот интригантен и модерен дизајн, новиот ЕВ на марката се очекува да привлече огромно внимание меѓу љубителите на големите електрични SUV.

Наведен како водечки SUV на брендот, EV9 беше најавен со концепт во 2021 година и серискиот модел е прилично верен на оригиналот. Се одликува со храбар, луксузен изглед кој ја опфаќа дизајнерската филозофија на Opposites United и наликува на електричен Telluride.

Kia EV9

Дизајн верен на концептот

Кога станува збор за самиот дизајн, предниот дел има „Digital Tiger Face“ со вертикални фарови и дневни светла. Нив ги спојува извајана хауба, лажна заштитна плоча за подвозјето и широк долен довод.

Профилот на EV9 е веројатно неговиот најдобар агол бидејќи има привлечна мешавина од меки кривини и остри линии. Затегнатите браници и лакови на тркалата веднаш привлекуваат внимание, но потоа забележувате помали детали како што се рачките на вратите, затемнети столбови и „лебдечки“ покрив.

Kia EV9

Тие се споени со тркала со четири краци кои имаат аеродинамичен дизајн, како и двобоен изглед. Дизајнерите, исто така, му дадоа на кросоверот динамична линија на појасот, која оди покрај C-столбот и има проширена хромирана облога. Впечатливиот дизајн продолжува назад со лелеави задни светла и значителен спојлер. Подолу, сјајната црна обвивка е во контраст со сребрениот браник дизајниран да потсетува на заштитна плоча за подвозјето.

Трет ред седишта

Но, она со што Kia EV9 ќе привлече веројатно најголемо внимание е тоа што пристигнува со три реда седишта. Имено, електричните кросовери бележат се поголема популарност, но повеќето имаат два реда седишта. Чест на исклучоци, сепак електричните возила со три реда беа ретки и релативно скапи. Токму во овој сегмент сега настапува Kia, која со целосно новиот EV9 сака да има адут плус при изборот на купувачите.

Kia EV9

Иако не покажа голем број фотографии од третиот ред, сепак, Kia рече дека кросоверот ќе се нуди во конфигурации на шест и седум седишта кои нудат „дарежлив простор за сите патници да се поврзат и да се релаксираат“ во „удобност во стилот на салонот“.

Седиштата од вториот ред се забележливи бидејќи можат да се вртат за 180 степени, така што патниците можат да комуницираат со оние што седат во третиот ред. Се чини дека ова не остава многу простор за нозете, но Kia истакна дека патниците од третиот ред ќе најдат држачи за чаши и приклучоци за полнење што ќе им помогнат да останат поврзани и да имаат комфор.

Дигитална кабина

Оставајќи ги седиштата настрана, EV9 има „лебдечка панорамска контролна табла“ во која се наоѓа дисплеј со широк екран. Вториот се состои од 12,3-инчен дигитален инструмент кластер, 12,3-инчен инфозабавен систем и 5-инчен дисплеј кој ветува „да го подобри дигиталното искуство“. Kia не кажа многу за тоа, но се чини дека малиот екран е посветен на контролата на климата.

Меѓу другите карактеристики се амбиентално осветлување, препознатлива централна конзола и двобоен дизајн. Тие се споени со метални акценти и решетки за звучници кои имаат геометриска шема.

Kia засега ги чува спецификациите во тајност, но моделот е поставен на електричната глобална модуларна платформа (E-GMP) и дигиталната група инструменти сугерира дека можеме да очекуваме опсег поголем од 480 км. Производството се очекува да започне оваа есен и иако не беа објавени цени. Повеќе детали ќе бидат објавени подоцна овој месец, но Kia откри дека EV9 нема да биде ограничен само на Америка бидејќи ќе се продава и во Европа, а продажбата во Велика Британија ќе започне кон крајот на оваа година.

Поврзани вести

Back to top button