fbpx

Kia го претстави новиот e-Soul за Европа

Следната генерација Kia Soul EV, со новото име Kia e-Soul, доаѓа во Европа до крајот на годината со две опции на батерија

Автомобилот кој дебитираше на саемот за автомобили во Лос Анџелес 2018, ќе биде претставен на саемот во Женева оваа година. e-Soul во Европа ќе биде понуден со две опции на батерија и тоа 64 kWh батерија со 150 kW електричен мотор и 39,2 kWh батерија со 100 kW електричен мотор.

“Во својата трета генерација, пионерскиот урбан кросовер на Киа стана повеќе препознатлив, динамичен и иновативен од било кога. Додека e-Soul го прифаќа иконскиот дизајн и разиграниот карактер на своите претходници, нејзиното напојување ќе биде исклучиво со електрична енергија, со избор на два моќни мотори со нула емисија на гасови “.

Верзијата со долг опсег ќе може да помине 452 km со едно полнење, додека стандардната верзија 277 km. Новите батерии имаат 25% поголема енергетска густина 250 Wh/kg наспроти досегашните 200 Wh/kg, додека новиот мотор е 30% поефикасен од најпродаваниот европски електричен автомобил Nissan LEAF. Новиот Kia e-Soul е опремен со CCS DC систем за брзо полнење до 100 kW, 20-80% од батеријата се полни за 42 минути. Двете верзии во Европа ќе имаат гаранција од 7 години.

 

Поврзани вести

Back to top button