fbpx

Новиот shooting brake ProCeed достапен на македонскиот пазар

Во салонот на Kia Motors Macedonia во Скопје денеска беше претставен третиот и најдинамичен член на семејството Ceed, новиот ProCeed

За прв пат корејскиот производител ни го претстави новиот член на семејството Ceed на Саемот во Париз минатата година, а сега новиот ProCeed пристигна и на македонскиот пазар. Покрај стандардната хечбек и караванска изведба, моделот Ceed сега станува достапен и во привлечната shooting brake изведба и тоа во GT и GT-Line издание.

Новиот ProCeed со својот атрактивен дизајн и спортски нагласок може да се каже дека претставува најдинамичниот член во опсегот. Споредбено со Sportswagon, ProCeed е за 43 mm понизок и 5 mm подолг, додека капацитетот на багажниот простор е малку помал, со 594 литри наспроти тие 625 литри кај Sportswagon.

Динамичната линија на покривот со елегантни контури околу цврстата извајана каросерија, дизајнирана за да му го даде на овој модел спорсткиот карактер и сето тоа го заокружуваат 18-инчните фелни од лесна легура, уникатните предни и задни LED светла во вид на коцка мраз, двослојниот заден браник и двете издувни цефки кои го потврдуваат спортскиот изгед на новиот ProCeed, кој претставува уживање да се гледа, но и да се слуша.

Внатрешноста се карактеризира со впечатливиот дизајн и спортскиот стил. Високиот квалитет на црни седишта во комбинација од антилоп и кожа, сивото шиење на моделот GT со впечатливиот амблем, елегантниот спортски управувач во D-стил со рачки за менување на степен на пренос, избор за менување на стилот на возење (DMS) контролна табла со 8” екран на допир и систем за навигација, а за потполна удобност ја поседува автоматска контрола на климатизација со дигитален екран и можноста за греење и проветрување на предните седишта, како и греачи за предното стакло со автоматско одмаглување.

Шасијата е исто така е подобрена, со специфична геометрија на системот за потпирање, покрути пружини и помеки стабилизатори, кои имаат за цел да понудат повисоко ниво на агилност и побрзи реакции со кој се карактеризира моделот ProCeed.

Во поглед на погонските единици, Kia ProCeed GT-Line ќе биде понуден со избор од три мотори, каде вклуечени се два бензински агрегати, односно 1,0 литарскиот T-GDI со 120 коњски сили и 1,4 литарскиот T-GDI со 140 коњски сили. На листата достапен е и дизелски погон, составен од 1,6 литарската CRDi единица со 136 коњски сили.

Што се однесува до опсегот на Kia ProCeed GT, тој ја користи истата 1,6 литарска T-GDI единица со новиот Ceed GT, која произведува моќност од 204 коњски сили и вртежен момент од 265 Nm. Кај речиси сите мотори достапен е изборот помеѓу шест-степен рачен и седум-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Новиот Kia ProCeed  отсега може да го погледнете во салонот на Kia Motors Macedonia, каде може да се обратите за повеќе информации или да ја посетите нивната веб страна на https://www.kiamotors.com.mk/. Исто така достапен е и ProCeed конфигураторот – https://www.kiamotors.com.mk/proceed.php, кој ви нуди можност за избирање на големината и моќноста на погонскиот агрегат, со почетна цена од 24.990 евра.

Поврзани вести

Back to top button