Kia го промовираше своето ново концептно возило Futuron
На China International Import Expo (CIIE), Kia Motors, го промовираше концептот наречен Futuron
Концептот Futuron е опишан како прогресивен електричен SUV купе. Според соопштението, во концептот се комбинира елегантни пропорции со чисти форми и површини, воведувајќи нова интерпретација на предната решетка „Tiger nose“.
Futuron го карактеризираат матрикс LED светла, со ефект на кожа од змеј на предната страна, панорамски покрив, пространа внатрешност, автономен систем за возење и GUI (Graphical User Interface) интерфејс.
Погонуван е од четири електрични мотори, сместени во тркалата. Концептот има и е-AWD систем за погон на сите тркала. Концептот Futuron е долг 4850 mm, висок 1550 mm и има меѓуоскино растојание од 3000 mm.