fbpx

Kia Rio и Stinger со признанија од J.D. Power APEAL

Малиот хечбек Rio и спортскиот Stinger и донесоа на Kia Motors America (KMA) две награди од J.D. Power APEAL

Оваа двојна награда донесе 8 поени во вкупниот резултат за брендот, со кој Кia повторно е рангирана меѓу првите 10 брендови во американската автомобилска индустрија. Според J.D. Power (IQS) веќе четврта година по ред Kia Motors ја одржува врвната позиција кај масовните производители.

-Без разлика дали моделот е наменет за практични корисници кои бараат компактен автомобил, или љубители на моќни, спортски автомобили, ние создаваме модели со мислата да ги задоволиме во целост клиентите”, рече Орт Хедрик, потпретседател за производно планирање во КМА. –Одличните признанија од J.D Power APEAL за Kia Rio и Stinger го потврдуваат непрекинатиот прогрес и фокус на брендот врз корисниците.

Целосно редизајнираниот Kia Rio ја освои наградата за мал автомобил, за целокупната изведба, дизајн, удобност, перформанси и стил. Најмоќниот и најлуксузен автомобил во гамата на Kia, Stinger ги надмина своите многу поскапи европски конкуренти во сегментот на компактни премиум модели.
Студијата APEAL го мери задоволството на потрошувачите на возилата со кои управуваат 90 дена по нивното купување. Оценките се според 10 категории: екстериер, ентериер, простор, аудио, седишта, греење и вентилација, динамика, мотори, видливост и ефикасноста на горивото.

Поврзани вести

Back to top button