Kia со нови скици од престојната Optima
Тизер нацртите продолжуваат да го откриваат изгледот на новата Kia Optima
Новите тизер скици ни даваат подобар и поцелосен преглед на надворешниот дизајн на новата генерација на моделот Optima. Корејскиот седан се чини дека има прилично мазни линии, кои се протегаат од предниот дел, па се до испакнатиот крај на задниот браник.
Покривот добива купе силуета, а кога веќе го спомнавме задниот дел, може да кажеме дека се одликува со задни светлосни уреди кои се протегаат по целата негова ширина. Спортската задна фасција вклучува дифузер и интегрирани издувни цевки.
Што се однесува до предниот крај, новата Optima се чини дека има поагресивен изглед, со големи решетки, кои го изразуваат постојниот „тигарски нос“ стил на компанијата. Ревидираните фарови се карактеризираат со мали ламби и LED дневни светла во форма на гром.
Внатре, Kia изгледа го прифати модерниот стил на комбинирање на дигиталниот инструмент панел со широк инфозабавен екран веднаш до него. Централната конзола е прилично едноставна со само неколку прекинувачи, со што придонесува кон целокупна естетика кој е минималистичка во споредба со драматичната надворешност.