fbpx

Sorento plug-in хибридната верзија доаѓа на почетокот од 2021

Корејскиот производител Kia го проширува својот опсег на Sorento со plug-in хибриден модел за прв пат досега

Kia очекува plug-in хибридната варијанта да биде најчистиот и најмоќниот Sorento, а овој модел се карактеризира со турбо-хибриден погон кој комбинира водено ладена 13,8 kWh батерија и електромотор со 91 КС, во комбинација со 1,6-литарскиот T-GDi мотор и шестстепен автоматски менувач.

Сам по себе, четирицилиндричниот турбо мотор испорачува 180 КС и 265 Nm максимален вртежен момент. Заедно со електромоторот и неговите 91 КС и 304 Nm, овозможуваат комбинираната моќност на plug-in хибридниот Sorento да изнесува 265 КС и 350 Nm максимален вртежен момент.

Kia Sorento

Шестстепениот автоматски менувач ја испраќа моќноста до сите четири тркала, овозможувајќи комплетната моќност на двата мотори да бидат трансферирани паралелно, со минимална загуба на енергија. Како резултат, респонзивноста на забрзувањето е директна и непосредна при било која брзина, со директен пристап до расположливата моќн на батеријата при повисоки брзини.

Иако plug-in хибридната верзија е најмоќниот Sorento во понудата, купувачите сигурно повеќе се заинтересирани за делот на економичноста, а според ветувањата на Kia, овој модел ќе биде и најефикасната верзија на автомобилот. Спецификациите се уште не се достапни, иако Kia вели дека целосно електричната автономија ќе биде „доволна да им овозможи на возачите да ги исполнат повеќето кратки возења користејќи исклучиво електрична енергија“. Возачката автономија и емисиите на CO2 се во фаза на хомологација и ќе бидат објавени од Kia наскоро.

Платформата на Kia Sorento е дизајнирана за да овозможи инсталација на електрифициран погон, а со оглед на тоа дека батеријата е поставена под подот во кабината, автомобилот го има истиот простор во кабината и во багажникот како и регуларниот модел. Продажбата на Kia Sorento PHEV ќе започне на европскиот пазар кон почетокот на 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button