Kia Sorento со нова технологија ги елиминира мртвите агли
Kia кај новиот Sorento ќе ја претстави технологијата BVM, односно Blind-Sport View Monitor, наменета за унапредување на безбедноста со елиминирање на мртвите агли
Sorento ќе биде првиот модел на Kia во Европа која ќе го добие овој напреден систем на асистенција наменет за унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот со елиминирање на мртвиот агол на возачот од двете страни на возилото. Ова ќе биде само една од функциите на новиот целосно дигитален 12,3-инчен Supervision екран поставен на инструмент таблата. BVM системот ја подобрува прегледноста на возачот позади на двете страни од возилото за време на возење на автопатиштата и е поврзан со сигнализацијата за насока.
Видео со висока резолуција се прикажува на левата и десната страна од TFT-LCD инструмент таблата кога возачот ќе ги вклучи сигналите за менување насока и во неговиот мртов агол се „крие“ возилото. Видеото од мртвиот агол веднаш се појавува на екранот на местото на брзинометарот или тахометарот, зависно од тоа која страна ја избира возачот при промена на насоката. Видеото се прикажува со помош на две широкоаголни камери со висока резолуција кои се поставени во куќиштата на страничните ретровизори. Камерите овозможуваат поширок агол на приказ од самите огледала нудејќи му на возачот многу подобар приказ на возилото зад него.
Sorento е првиот модел во Европа кој ќе пристигне со BVA технологијата
BVM технологијата на Kia ќе им биде понудена на сите купувачи во Европа кои ќе се одлучат за моделот Sorento како дел од пакетот во кој се наоѓаат Surround View Monitor и Parking Collision-Avoidance Assist (PCA), наменети за помош при возење и паркирање, како и аудио систем Bose Performance Series. Овој пакет на европските купувачи ќе им биде на располагање во возилата опремени со функцијата BCA (Blind-Spot Collision-Avoidance Assist). Системот BCA им овозможува на возачите при избегнување на судирите со возила од мртвиот агол, бидејќи делува кога ќе препознае приближување кон судир.
Дигиталните мерачи на Kia Supervision се наменети за пружање на информации до возачите колку што е можно појасно. Со екран со висока резолуција (1920х720 пиксели) дигиталните мерачи ги заменуваат вообичаените мерачи на брзина и тахометарот со единечен екран кој прикажува изострен дигитален бројчаник со податоци за возилото и моторот
Мултифункционалниот екран меѓу мерачите прикажува навигациски упатства turn-by-turn информации од аудио системот, детални патни податоци, дијагностички предупредувања, како и како и предупредувања и известувања што се појавуваат поврзани со различните активни технологии за безбедност и системи за асистенција.