fbpx

Kia Stinger GTS во ограничено производство

Северноамериканската поделба на Kia ја соопшти специјалната серија GTS на спортскиот предводник Stinger, во која ќе бидат вклучени 800 возила

Од Kia споделија дека Stinger GTS се разликува од стандардната верзија со ново развиениот систем за погон на четири тркала (D-AWD), кој ветува дека ќе понуди на идните сопственици на автомобилот можност за динамично возење. Други акценти во автомобилот се дополнителните јаглеродни елементи, новата надворешна боја…

Kia Stinger GTS доаѓа со Drive Mode систем кој нуди избор помеѓу неколку главни режими на работа. Во режим за удобност, 60% од моќноста се пренесува кон задните тркала, во Sport процентите се зголемуваат до 80%, а кај новиот Drift режим, погонот е само на задните.

Stinger GTS

Stinger GTS се нуди и во верзија само со заден погон, а и двете модификации се опремени со 3.3 литарски турбо мотор во V-облик, што е во состојба да генерира максимална моќност од 365 коњски сили. Менувачот е автоматски и има осум брзини.

Секој еден од претставниците на Stinger GTS ќе се нуди со внатрешни елементи тапацирани со Alcantara, црн таван, панорамски стаклен плафон, Harman/Kardon аудио систем и друго.

Поврзани вести

Back to top button